Компаниите почнаа да се интересираат за браунфилд, или инвестиции од нула. Старите напуштени објекти од некогашните фабрики Владата почна да ги нуди на инвеститорите лани летото, како локации со потенцијал кој може да се искористи за почеток на нови бизниси. При тоа им се дава еднаква шанса и на странските и на домашните деловни субјекти. За дел од нив неодамна покажале интерес неколку странски фирми. Според директорот на Технолошко-индустриските развојни зони, Виктор Мизо, некои странски компании го разгледувале моделот за браунфилд- инвестирање во Македонија, што потоа би прераснало во гринфилд-инвестиција. Компаниите биле од Германија, Италија и САД.
Компаниите почнаа да се интересираат за браунфилд, или инвестиции од нула. Старите напуштени објекти од некогашните фабрики Владата почна да ги нуди на инвеститорите лани летото, како локации со потенцијал кој може да се искористи за почеток на нови бизниси. При тоа им се дава еднаква шанса и на странските и на домашните деловни субјекти. За дел од нив неодамна покажале интерес неколку странски фирми.
Според директорот на Технолошко-индустриските развојни зони, Виктор Мизо, некои странски компании го разгледувале моделот за браунфилд- инвестирање во Македонија, што потоа би прераснало во гринфилд-инвестиција. Компаниите биле од Германија, Италија и САД.
Примерот на американската компанија „Амфенол“ , која почнала со ваква инвестиција во погоните на некогашен „Атом“ во Кочани и веќе произведува автомобилски делови, според Мизо, кажува дека новиот модел на Владата за привлекување инвеститори почнал да ги дава посакуваните резултати.
„На почетокот, во првата фаза, ваквите инвестиции почнуваат со изградба на фабрика во која би почнало производство, а потоа, во втората фаза инвестицијата би продолжила како гринфилд. За оваа цел Владата креираше електронска база на браунфилд-објекти од целата територија на Македонија. Во моментов, неколку странски компании го разгледуваат овој модел за инвестирање, и тоа од САД, Германија и Италија“, вели Мизо.
Освен за странските, овој вид на инвестиции почнаа да стануваат привлечни и за домашни компании. Според Агенцијата за привлекување странски инвестиции, неколку фирми, главно од скопскиот и јужниот регион од земјава, веќе покажале интерес за почнување инвестиција во некогашни фабрики во Гевгелија и во Струмица.
И од Министерството за економија неодамна посочија дека има интерес за понудените локации, а за секоја фирма одделно е назначено одредено лице за контакт кое ќе ја води целата постапка.
Инаку, листата која Владата им ја нуди на инвеститорите е составена од над 400 објекти, цели комплекси или делови од поранешни производствени и други капацитети. Така што, на располагање се фабрички хали, сали, магацини, деловни простории, туристички капацитети, ресторани и слично. Има и делови од земјоделски капацитети, како оранжерии, напуштени комбинати, производствени површини и друго. Вкупниот простор со кој располагаат овие 400 објекти е над 1,7 милиони квадратни метри, а вкупната површина, заедно со дворовите и другите површини, изнесува над 4,5 милиони квадратни метри.
На списокот се некогашни фирми од најразлични дејности, од кои некои не работат долго време, некои се ликвидирани, а за некои е во тек стечајна постапка, а има и такви од кои се' уште функционираат само мали делови. Меѓу попознатите се: „Отекс“, „ЕМО“, „Металка“, „Карпош“, хотел „Македонија“, одморалиште „Стар Дојран“, хотел „Фламенго“ , МЗТ „Пумпи“, „Огражден“, „Фабрика за кабли“- Неготино, „Леснина“, „Бујото“, „Газела“, „Стружанка“, „Ди-ер“, фабриката за акумулатори Пробиштип, „Јака табак“- Радовиш, „Фротирка“- Делчево, „Македонка“ - Штип, „Македонија“ - Неготино, „Хемтекс“, „Застава“- Охрид, „Езерка“- Охрид, АДГ Маврово, „Порцеланка“, „Киро Ќучук“...
За дел од нив е утврдена почетна продажна цена од неколку милиони евра, за некои таа изнесува илјада евра, а некои се' уште не се проценети.